Основна дејност

ПРОИЗВОДСТВО НА САНИТЕТСКИ МАТРИЈАЛ И МЕДИЦИНСКИ ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА

Памучен калико завој, во сите стандардни димензии, изработени по нова технологија (плетење) со врвен квалитет, висока рамномерност, правилна форма на плетенината, едноставни за брзо и лесно аплицирање.Завоите се регистрирани и ги исполнуваат нормите на Европската фармакопеја бр. 5 (PH Eur 5)
Еластичен завој, со заштитено комерцијално име ЕЛАСТИКПЛУС, изработени во сите стандардни димензии, со висок квлитет, со средна еластичност, пријатен и мек опип, рамномерна порозност на плетенината. Можност за повеќекратна употреба.
Нестерилна хидрофилна газа и производи од газа. Газата е со висок квалитет, густина од 17 н см2 и од неа се поизведуваат компреси во најразлични димензии и пакувања, со и без RTG нишка
Стерилни завои, гази и компреси од газа со заштитено име ЛАБИНО. Се произведуваат во сорботка со фирмата САЛВАМЕД АД Бугарија, фирма ќерка на италијанскиот лидер за производство на медицински потршен материјал за еднократна употреба, LUIGI SALVADORI, Spa Milano. Газите и компресите се произведуваат во сите стандардни димензии со и без RTG нишка, стерилизирани се според Е.О Нормите и одговараат на Европската фармакопеја.
Останати производи, (акцесоари): Кутија за прва помош за автомобили, стандардно опремена, сандачиња за парва помош за правни лица, мини сет за моторцики, теренски торбици за прва помош за различни намени и др.

Дополнителна дејност

• Промет на големо, увоз – извоз, на медицински помагала, како регистрирана дејност во Министерството за здравство на Р. Македонија, со обезбедени просторни и кадровски услови, согласно важечките законски прописи,
• Промет на мало со лекови, медицински помагала, помошни лековити средства и останати препарати за широка потрошувашка, АПТЕКА, Медикаплус фарм, лоцирана во центарот на Охрид.

Развој и инвестиции

• Натамошно проширување на производниот асортиман, преку воведување на нови сродни производни програми,
• Воспоставување на контакти со Компании со компатибилна дејност, заради заеднишки настап на трети пазари,
• Проширување на дејноста Трговија на големо, увоз извоз, преку воведување на нови производи, кој би ги застапувале на македонскиот пазар.